ПУТИН ГО НАРЕЧЕ СИ ЏИНПИНГ „ДРАГ ПРИЈАТЕЛ“ На парадата во Пекинг европски лидери доаѓаат само од Србија и од Словачка

Покрај Русија, Северна Кореја и Иран, лидерите од Мјанмар, Монголија, Индонезија, Зимбабве и централноазиските земји ќе бидат сведоци на откривањето на низа борбено оружје од страна на Кина.

699

 

Пекинг утре ќе биде во центарот на вниманието, бидејќи втората по големина економија во светот и растечка суперсила ќе одржи воена парада низ плоштадот Тјенанмен.






Парадата ќе биде посетена од 26 шефови на држави. Покрај Русија, Северна Кореја и Иран, лидерите од Мјанмар, Монголија, Индонезија, Зимбабве и централноазиските земји ќе бидат сведоци на откривањето на низа борбено оружје од страна на Кина.

Единствените западни лидери на списокот на гости објавен од кинеското министерство за надворешни работи се од Србија и од Словачка.

Владимир Путин, претседателот на Русија, веќе е во Кина, откако присуствуваше на самитот на Шангајската организација за соработка во Тијанџин за време на викендот. Вчера, тој го нарече Си „драг пријател“ по средбата меѓу двајцата лидери во Пекинг, каде што ги пофалија билатералните односи како примерен модел на врски меѓу две големи сили.

– Нашата блиска комуникација ја одразува стратешката природа на односите меѓу Русија и Кина, кои се на невидено високо ниво. Тогаш бевме секогаш заедно, и сега остануваме заедно – рече Путин, според видеото на Телеграм каналот на Кремљ.

Претседателот на Индија, Нарендра Моди, исто така, присуствуваше на годишниот собир на евроазиските лидери, што е знак за затоплување на односите меѓу Кина и Индија во време кога Индија е погодена од 50 отсто царини од САД како казна за купувањето руска нафта.

Во последните месеци, Кина го нагласува значењето на својат наратив за поразот на Јапонија во Втората светска војна, кој ја минимизира улогата на Западот. Во мај, кога Си ја посети Москва за парадата на Денот на победата на Русија, тој напиша статија повикувајќи на „правилна историска перспектива“ за војната. Си рече дека Кина и Советскиот Сојуз биле главните боишта во Азија и Европа и дека двете земји „служеле како главна поддршка на отпорот против јапонскиот милитаризам и германскиот нацизам, давајќи клучен придонес за победата во светската антифашистичка војна“.

КИМ ЈОНГ УН СО СПЕЦИЈАЛЕН ОКЛОПЕН ВОЗ ПРИСТИГНА ВО КИНА Лидерот на Северна Кореја ќе присуствува на кинеската воена парада

 

Поврзани содржини