Путин го мина викендот во Сибир со рускиот министер за одбрана (ФОТО+ВИДЕО)

Снимките обезбедени од Кремљ и телевизиски кадри покажуваат дека Путин (68) и Шојгу (65) се облечени во долги јакни, шетаат низ шуми покриени со снег, минувајќи преку кабелски мост и гледајќи диви животни со двоглед.

822

Рускиот претседател Владимир Путин направи мала пауза и викендот го помина во сибирската тајга, каде возеше теренско возило и шеташе по снегот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, соопшти денеска Кремљ.

Претседателот направи прошетка со министерот за одбрана Сергеј Шојгу во Сибир, пишува во краткото претседателско коминике, објавувајќи десетина фотографии без да прецизира каде точно се направени.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sputnik Србиjа (@sputnik_srbija)

Снимките обезбедени од Кремљ и телевизиски кадри покажуваат дека Путин (68) и Шојгу (65) се облечени во долги јакни, шетаат низ шуми покриени со снег, минувајќи преку кабелски мост и гледајќи диви животни со двоглед.

Подоцна, двајцата отидоа во работилница, каде што Шојгу му покажа на претседателот што прави од дрво, вежбајќи го своето хоби.

 

Повеќето фотографии ги прикажуваат двајцата – во темна зимска облека украсена со бела мека кожа и облечени чизми – како јадат на дрвена маса на отворено. Потоа се возат со теренско возило, а зад воланот, со широка насмевка, е Путин.

Рускиот претседател со години гради имиџ на строг и силен човек, редовно демонстрирајќи ја својата добра физичка форма.

Медиумите претходно покажаа снимки од неговата посета на тајгата, при што тој ловеше риба, пловеше со брод или уживаше на сонцето гол до половина.

Го видовме и како се спушта со подморница до дното на Бајкалското Езеро, вози автомобил Формула 1, лета со борбен авион и ослободува тигар.

Поврзани содржини