ПУТИН ГО КОМЕНТИРАШЕ ЕМБАРГОТО Само цените растат, тоа е сѐ

На крајот на краиштата, кон што води тоа, до состојбата каква што е сега? Количината на нафта на светскиот пазар опаѓа, цените растат - тоа е сѐ. Приходите на компаниите растат во монетарна смисла. Сите го гледаат тоа, сите го разбираат, додаде рускиот лидер.

323

Малку е веројатно дека Европа целосно ќе ги исфрли руските нафта, гас и други енергенси, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со младите претприемачи во четвртокот, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

– Што се однесува до отфрлањето на нашите енергетски извори, тоа е малку веројатно во следните неколку години, а не се знае што би можело да се случи во тие години – изјави Путин.






– На крајот на краиштата, кон што води тоа, до состојбата каква што е сега? Количината на нафта на светскиот пазар опаѓа, цените растат – тоа е сѐ. Приходите на компаниите растат во монетарна смисла. Сите го гледаат тоа, сите го разбираат – додаде рускиот лидер.

Да се потсетиме, Русија во првите 100 дена од војната заработувала по скоро милијадра евра дневно од нафтата и гасот кои ги извезува, а ги продава по 1,6 пати повисока цена.

Поврзани содржини