ПУТИН ГО КАНИ ЗЕЛЕНСКИ НА РАЗГОВОР, АМА ВО ИСТАНБУЛ Се наѕира прекин на огнот?
Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Киев ѝ се заканија на Москва со нови санкции и воена поддршка за Украина доколку Русија не се согласи со предлогот.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15 мај, за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната.
Неговата објава е неколку часа откако Киев и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник.
Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Киев ѝ се заканија на Москва со нови санкции и воена поддршка за Украина доколку Русија не се согласи со предлогот.
Путин не се осврна експлицитно на тој повик во својата изјава – дадена по 1 часот наутро во Кремљ – наместо тоа го наведе контрапредлогот за нови преговори меѓу Русија и Украина.
Тој рече дека Русија предлага директни разговори со Украина во Истанбул во обид да се „елиминираат корените на конфликтот“ и „да се постигне обновување на долгорочен, траен мир“.
– Им предлагаме на властите во Киев да ги продолжат разговорите што ги прекинаа во 2022 година, и, нагласувам, без никакви предуслови – рече Путин.
Руските и украинските преговарачи водеа директни разговори во Истанбул во првите недели од конфликтот, но не успеаја да се договорат за запирање на борбите, кои беснеат оттогаш.
– Предлагаме да започнеме (преговори) без одложување в четврток, 15 мај, во Истанбул – рече Путин, додавајќи дека наскоро ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердогдан за да побара негова помош за олеснување на разговорите.
Десетици илјади се убиени откако Русија ја започна својата офанзива, а милиони се принудени да ги напуштат своите домови.
– Не исклучуваме дека за време на тие разговори ќе можеме да се договориме за некаков нов договор за прекин на огнот – рече Путин.
Тој, исто така, ги обвини западните поддржувачи на Украина дека сакаат „да ја продолжат војната со Русија“ и – без да го спомене конкретниот предлог на Украина и Европа за 30-дневен договор за прекин на огнот – ги критикуваше европските „ултиматуми“ и „антируската реторика“.