ПУТИН ГО ИГНОРИРА ТРАМП БИДЕЈЌИ Е УВЕРЕН ДЕКА ЌЕ ЈА ПОРАЗИ УКРАИНА Одбраната на Киев ќе се урне набргу?!

Според неименувани извори од Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин сега нема да ги прекине воените дејствија во Украина, освен во случај Киев да се согласи на значајни отстапки.

875

Кремљ отворено ги игнорира повиците од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина бидејќи Владимир Путин верува дека руската војска може да го пробие фронтот и конечно да ја порази Украина, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот, повикувајќи се на 2 неименувани извори од Кремљ, наведува дека Путин верува дека расте предноста на Русија на бојното поле и оти одбраната на Украина би можела да се урне во следните месеци. Според нив, рускиот претседател сега нема да ги прекине воените дејствија во Украина, освен во случај Киев да се согласи на значајни отстапки.






Вишата соработничка во Каренги центарот за Русија и Евроазија, Татјана Становаја изјави дека Путин нема да ги жртвува своите цели во Украина за да ги подобри односите со Трамп.

Поврзани содржини