ПУТИН ГО ДРЖИ В РАЦЕ ТРАМП ЗА УКРАИНА Германски дипломат е разочаран од однесувањето на Трамп

Вчера Трамп се сретна со Зеленски вчера во Вашингтон. Само еден ден претходно, на барање на руската страна, Трамп имаше телефонски разговор со Владимир Путин.

1,709

Германскиот дипломат Кристоф Хојсген изрази длабоко разочарување откако рускиот претседател Владимир Путин, според него, повторно успеа да го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од давање решителна поддршка на Украина.

Во коментар за украинските медиуми, Хојсген беше директен и го обвини Путин за систематска манипулација со Трамп.






– Имам впечаток дека Путин секогаш успева да го манипулира Трамп. Секој пат кога Трамп изгледа решен да преземе радикални мерки за поддршка на Украина, Путин го одвраќа од тоа. Разочарувачки е – рече Хојсген.

Стефан Мајстер, експерт во Германскиот совет за надворешни односи (DGAP), се согласува со проценката на Хојсген. Тој исто така верува дека рускиот лидер спречува испорака на оружје со долг дострел во Украина и воведување нови санкции.

– На крајот на краиштата, нема ништо особено ново: Путин го држи Трамп во тупаница; Трамп нема да му воведе санкции, ниту ќе ѝ даде на Украина „Томахок“ – изајви Мајстер.

Иако Мајстер верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сега е многу поподготвен за разговори со Трамп, тој додава дека тоа не ја менува значително ситуацијата. Според него, примарен интерес на Трамп не е Украина, туку нормализацијата на односите со Русија.

– Во оваа смисла, има многу дискусии, но малку резултати – заклучи експертот.

Вчера Трамп се сретна со Зеленски вчера во Вашингтон. Само еден ден претходно, на барање на руската страна, Трамп имаше телефонски разговор со Владимир Путин.

Поврзани содржини