ПУТИН ГО ЧЕКА ТРАМП ВО МОСКВА Песков откри зошто поканата е сè уште важечка
Кремљ потврди дека поканата за Трамп останува отворена, а Путин е подготвен за нова средба во Москва.
Поканата на рускиот претседател Владимир Путин до американскиот претседател Доналд Трамп за официјална посета на Москва и натаму останува во сила, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Поканата не е ставена на чекање. Тоа е постојана покана. Путин е подготвен и среќен да се сретне со претседателот Трамп. Сè зависи од неговата одлука – изјави Песков.
Во август, по разговорите меѓу двајцата лидери во Анкориџ, Алјаска, Путин предложи следната средба да се одржи во Москва.
Американскиот претседател тогаш ја оцени идејата како можно сценарио, иако призна дека таквиот чекор би можел да предизвика критики во САД, пренесуваат руските медиуми.