Путин гласаше за измени во рускиот Устав

Тој вчера ги повика граѓаните на Русија да излезат на гласање, истакнувајќи дека уставните амандмани се согласно клучните вредности на рускиот народ и можат да бидат усвоени исклучиво со поддршка на граѓаните.

194

Рускиот претседател Владимир Путин гласаше денеска на реферндумот за уставни измени на избирачкото место во зградата на Руската академија на науките во североисточниот дел на Москва, каде традиционално го остварува своето право на глас.

Тој вчера ги повика граѓаните на Русија да излезат на гласање, истакнувајќи дека уставните амандмани се согласно клучните вредности на рускиот народ и можат да бидат усвоени исклучиво со поддршка на граѓаните.






Гласањето во Русија почна на 25 јуни, а денеска е последен ден во кој граѓаните можат да се изјаснат за предложените уставни реформи и кој со декрет на претседателот Путин е прогласен за официјален датум за гласање.

Одлуката за одржување на седумдневно гласање е воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Граѓаните, исто така, можат да гласаат и од дома, како и на времено отворените избирачки места во резиденцијалните подрачја, а жителите на Москва и Нижегородска област можат да гласаат и електронски.

Избирачките места се затвораат вечерва во 20 часот по локално време.

Поврзани содржини