ПУТИН ГИ ИСПРАТИ МИНИСТРИТЕ НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Да се обезбеди помош за жртвите од уривањето на авионот
На гувернерот, на шефот на Министерството за вонредни ситуации и на министерот за здравство им беше наредено да летаат до Јејск за да ја пружат сета потребна помош.
Рускиот претседател Владимир Путин даде инструкции да им се обезбеди сета неопходна помош на жртвите од авионската несреќа во рускиот град Јејск, соопшти Кремљ. Претседателот ги сослуша извештаите на министрите и на шефот на регионот за состојбите, пренесува Мондо. На гувернерот, на шефот на Министерството за вонредни ситуации и на министерот за здравство им беше наредено да летаат до Јејск за да ја пружат сета потребна помош.
Повеќенаменскиот руски борбен авион Су-34 се запали и се урна во зграда во Јејск, а пилотите претходно скокнале. Едниот од моторите на авионот се запалил брзо по полетувањето, а требало да се изведува обука.