ПУТИН ГИ ДРЖИ ВО НЕИЗВЕСНОСТ Од Кремљ не го потврдуваат неговото учество на Г-20

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор со новинарите изјави дека Русија има покана да присуствува и дека „во догледно време“ ќе се донесе одлука дали Путин физички ќе присуствува на состанокот.

680

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одлучил дали ќе присуствува на Самитот на Г-20 во ноември во Индонезија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор со новинарите изјави дека Русија има покана да присуствува и дека „во догледно време“ ќе се донесе одлука дали Путин физички ќе присуствува на состанокот.






Западните лидери размислуваат како да пристапат на самитот доколку дојде Путин, а британскиот премиер Борис Џонсон ги повика колегите да не го бојкотираат, дури и ако рускиот претседател одлучи да присуствува.

Поврзани содржини