ПУТИН Е ЗАФАТЕН, НЕМА ДА ОДИ НА ПОГРЕБОТ? Песков вели дека е целосна лага дека Кремљ го уби Пригожин

Песков рече дека не се знае дали Путин ќе присуствува на погребот на Пригожин, додавајќи дека рускиот претседател има „полн распоред“.

1,234

Целосна лага која „на Запад доаѓа од одреден агол“ е дека Кремљ стои зад трагичната смрт на патниците во авионот во кој загина лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, му рекол портпаролот na Кремљ, Дмитриј Песков, на новинар на Би-Би-Си.

– Во моментов немаме многу факти, фактите треба да се разјаснат во текот на официјалната истрага што се спроведува сега – додал тој за Би-Би-Си и одбил да потврди дали Пригожин дефинитивно бил во соборениот авион.






Песков рече дека не се знае дали Путин ќе присуствува на погребот на Пригожин, додавајќи дека рускиот претседател има „полн распоред“.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека не е изненаден од оваа вест и дека во Русија не се случува многу, а зад тоа да не стои Владимир Путин.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека забелешките на Бајден се неприфатливи, пренесува државната новинска агенција Тасс.

 

Поврзани содржини