🎥 ПУТИН Е ЗАЕДНИЧКИ НЕПРИЈАТЕЛ НА УКРАИНА И НА ЕВРОПА Еве што порача Зеленски пред францускиот парламент

Украина е клучот за безбедноста на цела Европа. Сега битката продолжува во Украина, но таа го има истото егзистенцијално значење за Европејците - истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски.

217

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  во обраќањето пред францускиот парламент денеска изјави дека „Европа повеќе не е континент на мирот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „заеднички непријател“ на Украина и Европа.

– Живееме во време кога Европа повеќе не е континент на мирот – изјави украинскиот претседател пред француските парламентарци.






Според Зеленски, рускиот режим не признава граници и дека „ни Европа не му е доволна“ и дека  рускиот режим „веќе ја уништи Сирија, продолжува кон Сахел и веќе ја презема Африка“

– Украина е клучот за безбедноста на цела Европа. Сега битката продолжува во Украина, но таа го има истото егзистенцијално значење за Европејците – истакна Зеленски.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина „го врати нацизмот во Европа“.

Зеленски изјави дека мировниот самит закажан за 15 и 16 јуни во Швајцарија може да ја доближи Украина до „праведниот крај на војната“.

– Мировниот самит може да не донесе поблиску до праведен крај на оваа војна – рече украинскиот претседател на една недела пред почетокот на меѓународната конференција.

На самитот во Швајцарија поканети се повеќе од 100 земји и организации, но не и Русија, која ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Поврзани содржини