ПУТИН ЌЕ ВОВЕДЕ ВОЕНА СОСТОЈБА ВО РУСИЈА Нема да нареди употреба на нуклерано оружје, освен ако…
Путин „најверојатно“ ќе воведе воена состојба во Русија за да ги поддржи воените напори, тврди шефицата на американското разузнавање.
Претседателот на Русија Владимир Путин се очекува да стане понепредвидлив и може да нареди воена состојба во Русија за да ги поддржи неговите амбиции во Украина, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.
Целите на Путин се поголеми од руските воени капацитети, а тоа „веројатно значи дека следните неколку месеци би можеле да вдиме движење во понепредвидлива и потенцијално ескалаторна траекторија“, рече Хејнс на сослушувањето во Сенатот.
„Сегашниот тренд ја зголемува веројатноста претседателот Путин да се сврти кон подрастични средства, вклучително и воведување воена состојба, преориентирање на индустриското производство или потенцијално ескалаторни воени опции за да ги ослободи ресурсите потребни за да ги постигне своите цели“.
Хејнс додаде дека Путин најверојатно нема да нареди употреба на нуклеарно оружје освен ако државата не се соочи со „егзистенцијална закана“.
Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја заврши војната во Украина со кампањата во Донбас и е решен да изгради копнен мост до Приднестровие, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.
„Сметаме дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој се уште има намера да постигне цели надвор од Донбас“, рече Хејнс.
„Путин најверојатно смета дека Русија има поголема способност и подготвеност да издржи предизвици од неговите противници, и тој веројатно смета на решителноста на САД и ЕУ да ослабат бидејќи недостигот на храна, инфлацијата и цените на енергијата се влошуваат“, нагласи Хејнс на сослушување во Сенатот.