„ПУТИН Е ВИНОВЕН ЗА СЀ“ Рускиот претседател и Лукашенко се шегуваа со Западот (ВИДЕО)
Санкциите им дадоа на двете земји поттик да се фокусираат на независен развој - рече Лукашенко, додавајќи дека западните елити погрешно ги идентификуваат причините за нивните економски проблеми.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се пошегува дека ќе мора сериозно да разговара со Западот, кој го обвинува за економскиот хаос предизвикан од руско-украинската војна, и се согласи со својот белоруски колега дека санкциите ги охрабруваат двете земји да се развиваат самостојно.
– Руската економија функционира добро и покрај западните санкции – рече Путин во Сочи, каде што разговараше со Александар Лукашенко, кој претходно денеска го обвини Западот за „расцепување“ на Украина, а неговото Министерство за одбрана објави дека го тестира неговото оружје и опрема.
– Санкциите им дадоа на двете земји поттик да се фокусираат на независен развој – рече Лукашенко, додавајќи дека западните елити погрешно ги идентификуваат причините за нивните економски проблеми.
– Што се однесува до економијата, им благодарам (на Западот) што ни дадоа таков поттик за сопствен развој – рече Лукашенко, пренесува Ројтерс.
Путин се насмевна на тоа и кимна со главата.
– Тие навистина го потценија тоа читајќи ги сопствените медиуми. Добија инфлација, и вистина е: „Путин е виновен. Путин е виновен за сè“, кажа Лукашенко.
Путин на тоа иронично додаде: „Ќе мораме сериозно да разговараме со нив“.