Путин ќе биде дел од Г7 по покана на Трамп

Секако дека би го поканил на состанокот. Мислам дека тој е важен фактор, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

240

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на проширениот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7).

– Секако дека би го поканил на состанокот. Мислам дека тој е важен фактор, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.






Тој додаде дека размислува да го одржи самитот по претседателските избори во САД во ноември.

Самитот, кој требаше да се одржи во јуни во Кемп Дејвид, беше до септември.

Трамп претходно соопшти дека ќе покани претставници на Русија, Австралија, Индија и Северна Кореја.

Поврзани содржини