ПУТИН ДОБРО ПЛАЌА Британските разузнавачи ја откриваат руската стратегија

Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за луѓето да се приклучат во руската војска, особено тие од посиромашните области во Русија. Меѓутоа, Русија веројатно, сè уште нема да ги исполни своите цели за регрутирање доброволци – се наведува во извештајот на британското министерство за одбрана.

686

Министерството за одбрана на Велика Британија во својот извештај тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

„На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно. До ноември 2022 година најави дека дури и мобилизираните војници ќе добиваат по 195.000 рубљи месечно. Многу помлади чинови кои служат во Украина сега имаат повеќе од 200.000 рубљи месечно. Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската просечна плата од 72.851 рубљи“ – се вели во извештајот на британското разузнавање.






„Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за луѓето да се приклучат, особено тие од посиромашните области во Русија. Меѓутоа, Русија веројатно, сè уште нема да ги исполни своите цели за регрутирање доброволци“ – се наведува во извештајот.

Рускиот претседател минатиот септември нареди делумна мобилизација за зајакнување на руските сили. Тогаш беше објавено дека Русија планира да повика околу 300.000 резервисти, односно луѓе кои поминале воена обука и, како што нагласи Путин, имаат специјалистички вештини кои и се потребни на руската армија во војната во Украина.

Поврзани содржини