Путин доби „амин“ од Думата да се кандидира пак за претседател

Ова правило му овозможува на сегашниот лидер да ја извршува должноста претседател на Русија уште два мандати.

284

Руската Државна дума денеска усвои закон во согласност со измените и дополнувањата на Уставот, кои, меѓу другото, му даваат право на Путин повторно да се кандидира за претседател.

Според една од новите одредби на Уставот на Русија, ограничувањето на бројот на мандати за време на кое едно исто лице може да ја извршува должноста претседател на Русија се однесува на сегашниот лидер на земјата без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати.






Според тоа, ова правило му овозможува на сегашниот лидер да ја извршува должноста претседател на Русија уште два мандати.

Автори на иницијативата за претседателски мандати се пратениците Павел Крашеников и Олга Савастијанова, како и член на Советот на федерацијата, Андреј Клишас, кои го доставија документот до Државната дума во ноември минатата година.

Документот предвидува руски државјанин кој има најмалку 35 години, кој живеел постојано во Русија најмалку 25 години и кој никогаш немал државјанство или дозвола за престој во друга земја, да може да биде избран за претседател на земјата.

Покрај тоа, законот предвидува должноста шеф на Централната изборна комисија да може да ја извршува руски државјанин кој наполнил 30 години.

Поврзани содржини