ПУТИН ДА БИДЕ УАПСЕН НА ПАТ КОН БУДИМПЕШТА, БАРА СУДОТ ВО ХАГ Европската комисија има различен став за евентуалниот самит со Трамп

Од друга страна, Европската комисија соопшти дека „секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за летови на авионот на Путин“.

1,426

Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, пресуди Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија холандските медиуми.

Според соопштението на судот, земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и соседните земји, кои Путин очигледно би морал да ги заобиколи.






Унгарија сака да биде домаќин на Путин и Трамп во рок од една или две недели. Земјата објави дека се повлекува од МКС, но мора да ги почитува одлуките на судот до средината на следната година. Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, беше домаќин на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху, чие апсење исто така го нареди судот.

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денес изјави дека Будимпешта ќе обезбеди Путин непречено да влезе на нејзина територија со цел средба со Трамп и дека успешно ќе се врати во Русија.

Од друга страна, Европската комисија соопшти дека „секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за летови на авионот на Путин“.

– Најавената средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е добредојдена ако може да доведе до праведен и траен мир во Украина. Ја поздравуваме оваа средба ако помогне во постигнувањето на траен и праведен мир во Украина – изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

Во врска со логистичките прашања околу пристигнувањето на рускиот претседател во Будимпешта, Комисијата објасни дека секоја земја-членка може по исклучок да одобри отстапување од забраната за влез во европскиот воздушен простор за руски авиони.

Путин во последните години поретко патува во странство – од пандемијата на коронавирусот и инвазијата на Украина – и се чини дека останува дома уште повеќе откако е издадена потерницата. На пример, тој ги пропушти самитите на БРИКС во Јужна Африка и Бразил, кои ја признаваат надлежноста на МКС.

Сепак, ова лето тој отпатува во Алјаска за да се сретне со Трамп. САД исто така не се членка на МКС.

МКС не го споменува Путин по име, но кога ќе биде прашан, нагласува дека земјите-членки се „правно обврзани“ да соработуваат.

Покрај тоа, тие им го должат тоа на другите 124 земји-учеснички, истакнува судот со седиште во Хаг. Дали една земја-членка се согласува со одлуката на МКС или не, според судот, е прашање исклучиво во надлежност на судот.

 

Поврзани содржини