Путин: Целта е Русија до есен да постигне колективен имунитет

Апелирам до сите руски граѓани да се вакцинираат. Ова е единствениот начин да се ослободите од овој смртоносен вирус, посочи Путин.

366

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта е во Русија до есен да се постигне колективен имунитет на ковид-19.

– Сега најважна е вакцинацијата… за да постигнеме колективен имунитет до есен – истакна Путин во годишното обраќање до нацијата од Парламентот.






Тој додаде дека Русија сега има три вакцини против ковид-19 – Спутник V, ЕпиВакКоронба и КовиВак.

– Апелирам до сите руски граѓани да се вакцинираат. Ова е единствениот начин да се ослободите од овој смртоносен вирус – посочи Путин.

Тој минатата недела ја прими втората доза на вакцина против ковид-19, но не пред камери и не откри која вакцина ја прими. Повеќе од осум милиони од вкупно 144 милиони Руси се вакцинирани. Земјата е една од најтешко погодените во светот. Пријавени се повеќе од 4,7 милиони заболени и 106.000 смртни случаи.

– Здравствените системи на многу водечки земји не успеаја да ја запрат епидемијата ефективно како нашата – наведе Путин.

Претседателот на Русија како главната задача на Владата го посочи зголемувањето на  приходите на Русите.

Поврзани содржини