ПУТИН БРУТАЛНО МУ ОДГОВОРИ НА ШОЛЦ Сѐ што се случува е одговор на вашите санкции

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.

2,555

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека проблемите со испораката на гас преку гасоводот Северен тек 1 се последица на западните санкции против Русија, соопшти денеска Кремљ.

Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин истакна дека Русија отсекогаш била доверлива во снабдувањето со енергија и ги исполнила своите договорни обврски, пренесе ТАСС.






Тој додаде дека обидите на Западот да ја обвини Русија за проблемите со гасот во Европа се цинични.

Путин посочи и дека санкциите на САД и Западот се одговорни за проблемите со техничкото одржување на турбините на гасоводот Северен тек.

Рускиот и германскиот лидер разговараа и за безбедносната ситуација поврзана со нуклеарната централа Запорожје.

Путин ги детализираше мерките преземени во координација со Меѓународната агенција за атомска безбедност за физичка заштита на нуклеарната централа, која, како што наведе, постојано е изложена на украински ракетни напади, што создава реален ризик од катастрофа од најшироки размери, објави Кремљ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.

– Во 90-минутниот телефонски разговор со рускиот претседател, Шолц инсистираше дека треба да се најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина – се наведува во соопштението од канцеларијата на Шолц.

Шолц, исто така, побара од Путин „целосно“ да го спроведе договорот за извоз на украински житарки.

Поврзани содржини