Путин: Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Русија е помал од другите земји

185

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

– Бројот на смртни случаи во Русија на примерок од 100.000 пациенти заразени со коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со развиени здравствени системи, рече Путун.






Тој посочи дека бројот на новозаразени лица се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден. 

Поврзани содржини