ПУТИН БИ ПОТПИШАЛ ДЕКА НЕМА ДА ЈА НАПАЃА ЕВРОПА, НО… И Крим е дел од територијалните барања на Кремљ

Рускиот лидер во своето обраќање го спомена и Крим, нагласувајќи дека полуостровот останува дел од Русија засекогаш.

1,278

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен писмено да гарантира дека Русија нема да ја нападне Европа. Тој ги нарече „целосна бесмислица“ тврдењата на западните медиуми дека Москва има агресивни планови кон ЕУ.

– За нас тоа звучи смешно. Вистината е: никогаш немавме намера да го сториме тоа. Но, ако сакаат да го чујат тоа од нас, тогаш ќе го документираме. Нема сомнение – истакна Путин по посетата на Бишкек, јави ДПА.






Путин ја повтори својата подготвеност за мировни преговори. Следната недела, претставници на САД ќе пристигнат во Москва за разговори околу можен крај на војната што трае повеќе од три и пол години. Очекуваните теми се безбедносните гаранции за Украина и за Европа.

Како предуслов за договор, Путин повторно го истакна барањето украинските трупи да се повлечат од регионите Доњецк и Луганск во источна Украина, дел од поширокиот регион Донбас.

Тој во своето обраќање го спомена и Крим, нагласувајќи дека полуостровот останува дел од Русија засекогаш.

Поврзани содржини