Пустинската прашина се надви над земјава, ќе ја дишеме и следната недела
Од УХМР велат дека од утре до понеделник ќе имаме чист воздух во земјава, но од вторник прашината ќе се врати.
Пустинската прашина во воздухот со мал прекин ќе ја имаме и во текот на следната недела. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека само од утре до понеделник ќе дишеме почист воздух, но од вторник до крајот на седмицата повторно со зголемување на температурите ќе се врати и пустинскиот песок. Ова значи дека одговорните за следење на загадувањето на воздухот можат да бидат мирни уште една недела, бидејќи сѐ уште виновникот за загадениот воздух на кој се жалат граѓаните е пустинската прашина.
Од УХМР за Плусинфо изјавија дека од утре ќе можеме да се надеваме на почист воздух бидејќи ќе има поповолни струења во атмосферата.
– Во текот на денот сѐ уште има присуство на прашина во погорните слоеви на атмосферата каде што се транспортира. Во текот на утрешниот ден прашината ќе почне да се намалува, а во недела и во понеделник нема да има прашина во воздухот – велат од УХМР.
Сепак, земјава нема да се спаси од пустинскиот песок ни следната недела.
– Во вторник со зголемување на температурите ќе се зголеми и присуството на пустинската прашина која поради југозападните струења на висина ќе се зголеми. Така ќе биде до крајот на следната седмица – појаснуваат од УХМР од каде велат дека ќе ја следат состојбата и во наредниот период.
Денеска, според податоците на Министерството за животна, сѐ уште средно високо ниво на ПМ10 честички во воздухот (од 90 до 180 микрограми на квадратен метар) има во Велес, Кавадарци и во Струмица. Средно ниво на присуство на овие честички (од 50 до 90 микрограми на квадратен метар) има во останатите градови во земјава каде што се поставени мерни инструменти. И денеска воздухот во Лазарополе е исто така загаден со ПМ честички.
Присуството на другите елементи во воздухот (CO, NO2, O3, PM2,5 I SO2) кои се мерат е на ниско и многу ниско ниво во однос на дозволеното.
Во текот на вчерашниот ден на сите мерни места присуството на ПМ10 честички во воздухот е пониско од оние кои се измерени на 23 јуни.
Во Скопје во средата загадувањето зависно од мерното место се движело од 70,0 микрограми на кубен метар во Гази Баба до 92,9 микрограми на кубен метар во општина Центар.
Вчера во Скопје повисоки вредности од дозволените 50 микрограми на квадратен метар се измерени на сите мерни места, освен во Центар и во Карпош за кои нема податоци. Во Гази Баба се измерени 67,6 микрограми на квадратен метар, во Лисиче – 73,9, во Миладиновци – 75,6 и во Ѓорче Петров – 65,6 микрограми на квадратен метар.
Дневни PM10 концентрации (µg/m3) | ||||||||
време | Центар | Гази Баба | Карпош | Лисиче | Ректорат | Миладиновци | Мобилна станица-Бутел (02.2018-06.2019) | Мобилна станица – Ѓ. Петров |
Јун 18 | 34.4271 | 23.3321 | 33.8333 | 28.0836 | 29.6511 | 20.7042 | 20.6425 | |
Јун 19 | 41.1987 | 23.1694 | 33.2275 | 28.793 | 31.2578 | 24.9783 | 23.9946 | |
Јун 20 | 50.4463 | 23.9367 | 33.9984 | 31.5823 | 33.3959 | 22.0917 | 25.7079 | |
Јун 21 | 48.595 | 28.0749 | 33.8937 | 36 | 36.6647 | 24.2174 | 33.1613 | |
Јун 22 | 68.9608 | 47.4614 | 62.8925 | 58.408 | 56.9134 | 54.5522 | 52.4946 | |
Јун 23 | 92.9113 | 70.0485 | 77.9824 | 83.8313 | 81.3979 | 75.5546 | 71.38 | |
Јун 24 | 67.6954 | 77.6226 | 73.9465 | 75.6792 | 65.6675 | |||
Јун 25 |
Граѓаните изминатите денови се жалат дека воздухот е загаден.
– Толку се чувствува загаденоста на воздухот што мислиме дека има магла во одредени периоди на денот. Поради високите температури помалку излегувам од дома, но од балконот можам да видам дека видливоста е намалена во овој период. Исто како во зима не можат да се видат одделни делови од градот кои во летниот период многу добро сме ги гледале – вели скопјанка, која додава дека надвор изгледа како да е затемнето од облаци, но не е.
Пред два дена Министерството за животна средина запрашано за причините поради кои се чувствува загаденост на воздухот која не е својствена во овој период рекоа дека тоа било пустинска прашина, а инспекциите за животна средина не дадоа никакво објаснување.