„ПУСИ РАЈОТ“ УРИНИРАА ВРЗ ПУТИН „Мамо не гледај телевизија“ (ВИДЕО)

1,000

Се сеќавате на трите Русинки кои пред десет години со маски влегоа во црква во Москва за да снимат феминистички спот против опресијата на религијата? И потоа беа во затвор за тоа? Сега Марија, Олга и Дијана имаат нова песна во чиј спот едната од нив уринира врз Владимир Путин, а целото видео изобилува со снимки од војната во Украина и од антивоените протести насочени против властите во  Кремљ.

Песната е насловена „Мамо не гледај телевизија“.






Пуси Рајот се на европска турнеја и пробуваат да обезбедат средства за за Украина, како и за детската болница Окматдит во Киев.

А еве ја деби песната со која бендот во црква стана контроверзен, но и се здоби со симпатии. И тогаш, во „Панк молитва“ тие пееја „Богородице, прогони го Путин!“

Поврзани содржини