📽️ ПУШТЕНА ДЕЛНИЦАТА КЛИМЕШТАНИ-ОХРИД, ДОКАЗ ДЕКА СЕ ГРАДИ За 15 месеци владин мандат изградени се над 80 километри патишта
Премиерот Христијан Мицкоски ги наброја и другите патишта кои досега се изградени во мандатот на владата кој влегува во 15 месец, велејќи дека се работи за вкупно 70 километри нови патишта, односно дека со новата делница бројката ќе достигне 87,5 километри.
„Денеска пуштаме во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид. Ова не е само уште еден пат, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој“.
Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со пуштањето на делцниата од Климешанти до Охрид во распон од 17 километри, како дел од автоптат Кичево-Охрид, за кој рече дека само пред една деценија бил симбол на недоврешени работи.
Премиерот ги наброја и другите патишта кои досега се изградени во мандатот на владата кој влегува во 15 месец, велејќи дека се работи за вкупно 70 километри нови патишта, односно дека со новата делница бројката ќе достигне 87,5 километри.
– За само година и половина ги ставивме во употреба: делницата Градско-Фариш од 25,7 километри, делницата Страцин-Крива Паланка од 25,5 километри, делницата Врбјани-Ботун од околу 20 километри.
Зборувајќи се економијата, Мицкоски истакна дека бруто домашниот производ забележал раст од 3,4% во вториот квартал оваа година, што ја сврствува Македонија во петте земји во Еверопа со најголема ставка на реален раст на БДП.

– Ако во минатиот, првиот квартал бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар со 3,6%. Исто така дозволете ми да ве информирам дека мерките на владата и активната работа којашто ја правиме изминатиот период генерираа нови 10.000 работни места, односно ако се спореди бројот на вработени во вториот квартал 2024 година со нешто повеќе од 691 илјада со бројот на вработени во вториот квартал на 2025 година нешто повеќе од 701 илјада, тоа значи дека имаме креирано за една година 10 илјади нови работни места, имаме намалено нешто повеќе од 7 илјади невработени кога ќе се споредат овие два квартали. Можеби тие бројки се само бројки на хартија, но тие бројки се дел од реалниот живот, тоа се семејства, тоа се луѓе, тоа се вистини – рече Мицкоски додавајќи дека извозот од јануари до јули ова година порасна побрзо отколку увозот.
Вицепрмиерирот Александар Николоски кој исто така се обрати на пуштање на делницата Климештани-Охрид изјави дека за неполни 2 месеца се пуштени 34 километри од автопатот Кичево-Охрид и дека владата планира целиот автопат да биде завршен до крајот на следната година. Тој вели дека разликата е јасна со времето на претходната влада кога, како што вели, 7 години ништо не се работело.
– Пред нас следуваат нови предизвици, очекувам за месец и половина да се заврши и клучката кај Требениште и да биде ставена во функција. Исто така ги воведуваме и изведувачите за стабилизација на косините најголемиот проблем на овој автопат и заеднички да завршиме и да го сработиме. Овој автопат треба да се надоврзе на автопатот кој ќе оди од Букојчани до Кичево за што има активна постапка за избор на изведувач и од Букојчани до Гостивар активно се работи и очекувам крајот на 2028, почеток на 2029 година да имаме целокупно автопатско решение кои ќе оди од Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Стуга и Охрид.