ПУШТЕН ОД ПРИТВОР ПОЛИЦАЕЦОТ ПОРАДИ КОЈ БЕА ПОДИГНАТИ БАРИКАДИTE Србите, сепак, нема да ги отстранат, не му веруваат на Курти

Србите не ѝ веруваат ништо на владата на Албин Курти ниту на меѓународните гаранции, туку само на Вучиќ – изјави претседателот на Српската листа од Косово Горан Ракиќ.

415

Поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена како осомничен за подготвување вооружени напади врз општинските изборни комисии и полициските патроли во северно Косово, со одлука на надлежен косовски суд денеска е пуштен во домашен притвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување барикади од страна на локалните Срби во општините во северно Косово со мнозинско српско население и за блокада на патиштата кои водат кон граничните премини Јариње и Брњак меѓу Косово и Србија.






Претседателот на Српската листа од Косово Горан Ракиќ, по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека Србите одбиваат да се повлечат од барикадите на северно Косово, иако претседателот Вучиќ смета дека тоа би било добро, јави дописникот на МИА од Белград.

– Само што ги завршивме разговорите со претседателот Вучиќ, сега ќе одиме да разговараме со нашите луѓе на Косово и Метохија. Добивме важна вест за пуштањето на Пантиќ, Недељковиќ и останатите уапсени лица, успеавме да ги прочитаме гаранциите на Европската унија дека нема да има апсења за учество во барикадите, како и гаранцијата на КФОР дека косовските безбедносни сили нема да дојдат на север без наша согласност – рече Ракиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ смета дека е добро да се отстранат барикадите, но дека Србите не ѝ веруваат ништо на владата на Албин Курти ниту на меѓународните гаранции, туку само на Вучиќ.

 

Поврзани содржини