Вчера и денеска на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и на Куманово приведени се вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.
„На подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).