ПУШТАЛ ГЛАСНА МУЗИКА ДОДЕКА ДРЖАВАТА ТАГУВАШЕ ЗА КОЧАНИ За време на жалост прилепчанец се забавувал, заработи кривична

Случајот е пријавен кај надлежното обвинителство, а постапката е во тек.

251

45-годишниот О.О. од Прилеп заработи кривична пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „организирање на отпор“, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според полициските наводи, инцидентот се случил на 23 март 2025 година во неговиот семеен дом во Прилеп, кога О.О. пуштал гласна музика и на тој начин ја прекршил одлуката на Владата за прогласување седумдневна жалост по трагедијата што го потресе Кочани.






– Со ваквото однесување пријавениот го прекршил јавниот ред и мир и не ја почитувал официјалната одлука за жалост, со што се стекнал со елементи на кривичното дело организирање на отпор – велат од МВР.

Случајот е пријавен кај надлежното обвинителство, а постапката е во тек.

Поврзани содржини