Пушењето марихуана го зголемува ризикот од компликации со ковид-19

584

Здравствените експерти открија дека пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со ковид-19.

– Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари – изјави директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо.






Додека професорот Мајкл Глас, портпарол на Здружението, истакна дека сувата кашлица е клучен знак на ковид-19, а секое кашлање предизвикано од пушењето марихуана лесно може да се помеша со таквиот симптом, со што се отежнува дијагнозата.

Пушачите, лицата со хронични опструктивни болести на белите дробови, како и лицата со умерена до тешка астма, спаѓаат воризични групи кои можат да имаат потежок облик на ковид-19, вклучително и ставање на респиратор. 

Поврзани содржини