ПУШАТ, КУПУВААТ И САМИ ОДГЛЕДУВААТ Марихуаната ги освои Македонците, кокаинот на трето место

Особено загрижувачки е податокот дека најчестата возраст на прво користење на канабис е 16 години, а во некои случаи и само 12 години. Максималната возраст на прва употреба е 43 години.

1,078

Во изминатата година, канабисот бил најчесто користената психоактивна супстанција во Македонија, покажуваат податоците од Европското веб-истражување за дроги, спроведено од Институтот за јавно здравје.

Анкетата била спроведена врз 862 испитаници, од кои 32 проценти пријавиле употреба на канабис. Зад него следуваат канабидиолот (CBD) со 25,9%, производи со низок THC со 24,9%, а 18,4% од испитаниците изјавиле дека користеле кокаин.






Меѓу останатите психоактивни супстанции кои се појавуваат во резултатите се:

Амфетамин – 10,7%

Екстази/МДМА – 9,3%

Магични печурки – 6,6%

ЛСД – 5,2%

Нови психоактивни супстанции – 4,7%

Особено загрижувачки е податокот дека најчестата возраст на прво користење на канабис е 16 години, а во некои случаи и само 12 години. Максималната возраст на прва употреба е 43 години.

Огромен дел од испитаниците (91,7%) користеле нелегални производи од канабис, додека мал дел добиле канабис легално во земји каде што е дозволен (9,7%), или со лекарски рецепт (1,9%).

Марихуана во форма на џоинт – доминантен избор
Повеќето корисници (97%) ја користат марихуаната во форма на џоинт, а над половината изјавиле дека го делат со други. Марихуаната најчесто се купува – тоа го прават 79% од испитаниците, 15,9% ја добиваат бесплатно, а 2,1% ја одгледуваат самите.

Канабисот најчесто се користи за намалување на стресот (68%), а околу 50% велат дека го консумираат за забава, дружење или подобар сон. Над 30% пријавиле дека го користат за справување со тага, депресија, анксиозност и промени во расположението.

Поврзани содржини