Пушачите пренесуваат ковид-19 преку чадот од цигарите?
Херман Гацамбид, пулмолог од Орландо, посочува дека самиот престој околу лица кои пушат цигари е ризичен, бидејќи луѓето мора да ја извадат заштитната маска за да испушат цигара.
Засега не постојат голем број издржани докази кои укажуваат на тоа дека чадот од цигарите што го испуштаат пушачите кои се заразени со ковид-19 можат да заразат други луѓе, но американските истражувачи тврдат дека со вдишувањето на чадот, всушност вдишувате и воздух кој некогаш бил во нечии бели дробови, пренесува „Washington Post“.
Според Вилијам Ристенпарт, професор на Универзитетот Калифорнија, мала е веројатноста честичките од чадот од цигарите да го пренесат ковид-19 на друго лице.
– Не може да се пренесува вирусот преку чадот, бидејќи топлината од цигарата го убива ковид-19 – изјавил Ристенпарт.
Меѓутоа, додава тој, постојат неколку причини за загриженост.
– Ако почувствувате чад од цигари кој некој го испуштил од белите дробови, тоа значи дека го вдишувате и воздухот кој се наоѓал во органот за дишење на пушачот. Тоа значи ека би можеле да ги вдишите и неговите респираторни честички полни со ковид-19, а кои се состојат од респираторен слуз, а не од пепел – објаснил професорот.
Херман Гацамбид, пулмолог од Орландо, посочува дека самиот престој околу лица кои пушат цигари е ризичен, бидејќи луѓето мора да ја извадат заштитната маска за да испушат цигара.
– Некој кој не пуши исфрла респираторни честички до 2 метри, но чадот од цигарата кој пушачите го исфрлаат може да патува и до 4 метри – изјавил Гацамбид.