ПУШАЧИТЕ И ЉУБИТЕЛИТЕ НА КАФЕ ТРЕБА ДА ЈАДАТ ПО 10 БАДЕМИ НА ДЕН Се будат почесто од другите и имаат плитoк сон

Организацијата Sleep Charity, која се занимава со хигиена на спиење, наведува дека на квалитетот на сонот најмногу влијае она што го јадете неколку часа пред спиење. Експертите од организацијата сметаат дека бадемите се вистински хит бидејќи содржат магнезиум кој го подобрува сонот, но и ги опушта мускулите.

324

Пушачите и љубителите на кафе често имаат проблеми со несоница, се будат почесто од другите луѓе и обично имаат плитoк сон. Постојат многу совети за подобрување на квалитетот на сонот и навиките за спиење. Некои совети на некого ќе му помогнат, ама не на сите.

Урамнотежената исхрана е најдобриот сојузник во борбата против многу здравствени проблеми. Имено, една студија објавена во National Library of Medicine открила дека само две недели редовно консумирање бадеми е поврзано со намалување на несоницата.






446 учесници јаделе по 10 бадеми секој ден во текот на две недели. Пред да учествуваат во истражувањето, 77 отсто од учесниците изјавиле дека имаат проблеми со несоница, додека останатите изјавиле дека имаат квалитетен сон.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини