ПУНКТОТ ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДЕПОНИЈА! Срамни сцени од плоштадот Македонија (ВИДЕО)

2,210

Неупотребливи искинати гаќи, стари и нечисти алишта се расфрлани по скопскиот плоштад, како дел од донациите за земјотресите во Туркије и Сирија. Фотографиите се шират на социјалните мрежи. Реагираа и организаторите и волонтерите кои со денови се на плоштадот и мораат да селектираат што од пакетите може да се употреби.

Тие велат дека луѓето ги оставаат донациите без да прашаат дали треба или не. Апелираат пунктот да не се користи за исфрлање на домашен отпад.






– Во црни кеси и кутии има партали кои и не можат да се наречат облека, а уште помалку помош – коментираат организаторите.

Утрово 11 камиони со донации ја поминаа македонската граница.

Фотографиите и видеото ги направи Арбнора Мемети.

фото: Арбнора Мемети
фото: Арбнора Мемети
Поврзани содржини