Пулмологот Балоски: Овој вирус е чудовиште

1,104

Пулмологот Марјан Балоски апелира дека вирусот не избира професија или статус, и дека делува страшно, но додава дека и на овој оган ако престанема да додаваме бензин, ќе успееме да ги ублажиме огнените јазици.

– До кога мора лекциите да ги учиме на најморничавиот пат, овој вирус е чудовиште, да се поверува дека вирусот постои. Апелирам до оние кои не веруваат дека вирусот постои. Одговорно да си ја прифатат обврската затоа што така го загрозуваат своите и туѓото здравје. Секој да даде свој допринос затоа што ситуацијата е алармантна. Вирусот прави безброј компликации во организмот – вели пулмологот Балоски за ТВ 24.

Поврзани содржини