Пулмологот Анѓелко Ѓорчев е Македонецот кој е во кома во Ниш и на респиратор се бори за живот

Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее -  напиша Ѓорчев на „Фејсбук“.

1,709

Македонецот кој вчера паднал во кома откако се вакцинирал во Ниш е познатиот пулмолог 73 годишниот Ангелко Ѓорчев, татко на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Пратеникот информираше дека неговиот татко е во длабока кома и се бори за живот на респиратор во Ниш, ова тој го сподели на својот „Фејсбук“.






– Инаку, Проф. Др. Ангелко Ѓорчев, сѐ уште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман. На возраст од 72 години, како сè уште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше. Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори. Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите. Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје. Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци. Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее –  напиша Ѓорчев на „Фејсбук“.

Поврзани содржини