ПУКОТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП Прво се скарале, па се распукале со пиштоли
Тројца прилепчани физички го нападнале 28-годишниот В.Н, а едниот од напаѓачите извадил пиштол и почнал да пука во воздух и во земја.
Бурна ноќ во Прилеп. Полициските службеници имале полни раце работа откако избила тепачка и се слушнале пукотници од пиштол на булеварот Гоце Делчев.
„На 27.08.2021 во периодот од 03.20 до 03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30) и Б.Б.(24), сите од Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го нападнале В.Н.(28) од Прилеп, а еден од нив му се заканил со пиштол, по што испукал неколку куршуми во воздух и во земја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).