🎥 ПУКНАТИНА ШИРОКА И ДО ЕДЕН МЕТАР СЕ ПОЈАВИ НАД ЛИПКОВО Граѓаните се евакуираат во паника

Иако е формиран кризен штаб за утврдување на причините за свлечиштето, жителите инсистираат институциите итно да преземат мерки за запирање на ерозијата на ридот, пред да дојде до поголема катастрофа.

2

Во селото Липково во околината на Скопје се појави свлечиште, кое предизвика пукнатина од повеќе од еден метар, која ги загрозува околните куќи, но и регионалниот пат Скопје-Куманово, објави ТВ 21.

Лизгањето на карпестиот масив на самиот влез во селото веќе го активира алармот за евакуација. Пред жителите се отвораат драматични глетки – земјата пука и создава процепи длабоки и широки по неколку метри, што буди сериозна загриженост во целата област. Под закана е и регионалниот пат, кој може да биде пресечен доколку свлечиштето продолжи да напредува.






– Овде го гледате овој камен е симбол на многу стара чешма во селото Липково, што значи дека целата област има минерална вода и стабилноста на почвата е подвижна во текот на сите овие периоди и како резултат на тоа, пукањето на почвата во овие последни четири дена е многу видливо и се заканува со евакуација на жителите – вели репортерот на ТВ21, Аднан Ќаили.

Семејството Шукриу е најдиректно погодено и веќе една недела е принудено да живее надвор од својот дом. Иако е формиран кризен штаб за утврдување на причините за свлечиштето, жителите инсистираат институциите итно да преземат мерки за запирање на ерозијата на ридот, пред да дојде до поголема катастрофа.

– Целото село генерално е во опасност, но и јас ја напуштив куќата, престојуваме кај моите внуци и чичковци. Апелирам до надлежните од Скопско што поскоро да дојдат на местото на настанот бидејќи може да се случи поголем проблем, свлечиште може да го блокира главниот пат Куманово-Скопје од стариот пат. Нема шанси ова место да се лизга понатаму, но сега сме принудени да ја напуштиме куќата со децата и домашните миленици и сите, затоа апелирам до вас да интервенирате што поскоро – изјави Шукриу.

Од Општина Липково информираат дека се чека пристигнување на експерти од Сеизмолошката опсерваторија, кои треба да го утврдат типот на карпата и можните ризици поврзани со подземните води. Од таму додаваат дека погоденото подрачје никогаш не било предвидено за градба, што дополнително ја усложнува состојбата.

Поврзани содржини