🎥 ПУКНА ВОДОВОДНА ЦЕВКА ВО ВЛАЕ Дел од Скопје остана без вода

ЈП „Водовод и канализација“ потврди дека поради дефект на цевка нема вода во половина Скопје, но и дека се работи на отстранување на дефектот.

2,519

Вечерва пукна една од главните водоводни цевки во населбата Влае, објави 24info. ЈП „Водовод и канализација“ пред неколку минути потврди дека поради дефект на цевка нема вода во половина Скопје, но и дека се работи на отстранување на дефектот.

Порталот  објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а водата навлегува и во дворовите на околните куќи.






Жители  од тој дел од Скопје јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче Петров, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.

ЈП „Водовод и канализација“ потврди дека поради дефект на цевка нема вода во половина Скопје, но и дека се работи на отстранување на дефектот.

„Поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм.на улица Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатиот дел од градот ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“, соопшти Водовод.

Поврзани содржини