ПУКНА ЉУБОВТА Раскинаа Цеца и Богдан, двајцата потврдија дека е крај

Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ беа во љубовна врска една година.

4,370

Кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека српската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.

Оваа врска започнла непосредно порано, но поради честите заеднички појавувањаа со пријателите низ градот, стана забележлива и со молскавична брзина почнаа да ја објавуваат српските и регионалните медиуми.






Во претходниот период Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажуваа и на социјалните мрежи.

Се стекна впечаток на севкупна хармонија, како и на семејни блиски односи на двете страни. Се посетуваа дома, патуваа заедно, излегуваа и заедно ги поминуваа празниците…

Тоа беше причината поради која информацијата дека раскинале изненади многумина. За раскинувањето на Цеца и Богдан прво потврдија извори блиски на овој пар, а подоцна и самите Цеца и Богдан, кои не сакаа да даваат изјави и да кажат ништо поконкретно за оваа тема.

Она во што беа едногласни беше:

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот – се наведува во заедничкото соопштение.

Дека нешто не е во ред во љубовната идила помеѓу пејачката и угостителот, беше доволен показател за српските медиуми фактот што Цеца со пријателите замина на Малдиви, а Богдан со пријателите на зимување на Златибор.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na