ПУКНА ТИКВАТА Еве зошто Обама не ги поканил Меган и Хари на својот роденден

1,832

Поранешниот американски претседател Барак Обама неодамна го прослави својот 60-ти роденден. Тој имаше луксузна забава со еден куп познати личности, но принцот Хари и Меган Маркл не беа меѓу гостите.

Иако претходно се дружеа, британски „Сан“ пишува дека нивното пријателство пукнало.






Извори блиски до кралското семејство велат дека Обама не го поддржува јавното „плукање“ по кралското семејство.

Имено, Барак и Мишел Обама се блиска со принцот Вилијам и неговото семејство.

– Сигурна сум дека ако можат да останат во добри односи само со едниот брат и неговата сопруга, а не можат да се дружат со двајцата, затоа што принцовите се оддалечија, Обама ќе се приклони кон Вилијам – рекла Анџела Левин за „Сан“, писателка, кралска коментаторка и биографка.

Анџела напоменува дека Обама отсекогаш го ценел Хари.

„Можеби ќе останат во нивна близика, но нема да бидат така добри како порано“, додала таа.

„Мишел многу се грижи за семејството. Таа и Барак веруваат дека родителите, бабите и дедовците се многу скапоцени и дека не треба да се навредуваат, без разлика на тоа што прават“, тврди Анџела.

 

 

Поврзани содржини