Пукна „петарда“ во Скопје, Лихтенштајн на колена

Првиот гол го постигна Енис Барди од слободен удар, а потоа следуваа два гола на Трајковски, па на Елмас, како и еден гол што го постигна Илија Несторовски од пенал.

977

Македонската фудбалска репрезентација постигна 5 гола против селекцијата на Лихтенштајн на натпреварот кој се одигра на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје.

Првиот гол го постигна Енис Барди од слободен удар, а потоа следуваа два гола на Трајковски, па на Елмас, како и еден гол што го постигна Илија Несторовски од пенал.






Фудбалерите на Лихтенштајн скоро и да ги немаше во второто полувреме, а нашите репрезентативци буквално „летаа“ на теренот.

Со оглед на позитивниот резултат, селекторот Игор Ангеловски рано се реши да направи измени и да ги извади од игра клучните играчи. Па така, по само еден час игра, од теренот излегоа Горан Пандев, Алиоски, Барди…

Во следниот натпревар нашите фудбалери ќе се соочат со репрезентацијата на Германија.

Поврзани содржини