📽 ПУКНА НОВА „БОМБА“ ВО ФУДБАЛОТ Нејмар потпиша за Ал-Хилал, Бразилецот може да заработи до 400 милиони долари за две сезони

Шампионот на Франција ќе добие 90 милиони евра обештетување, додека Нејмар за две години ќе инкасира најмногу 400 милиони евра врз основа на договорот со клубот од Саудиска Арабија, каде се вклучени бројни спонзори.

322

Фудбалскиот клуб Ал-Хилал го официјализираше трансферот на Нејмар од Пари Сен Жермен.

Шампионот на Франција ќе добие 90 милиони евра обештетување, додека Нејмар за две години ќе инкасира најмногу 400 милиони евра врз основа на договорот со клубот од Саудиска Арабија, каде се вклучени бројни спонзори.






По извршените лекарски прегледи во Париз во понеделникот, Нејмар и неговите претставници ја комплетираа комплетната документација и потпишаа двегодишен договор. Со овој договор Нејмар станува најплатениот фудбалер во историјата.

Се чинеше дека Нејмар ќе се врати во својот поранешен клуб Барселона, но ја избра Саудиска Арабија и со тоа стана веројатно најголемата ѕвезда зад Роналдо.

Летово Ал-Хилал донесе имиња како Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Малком, Калиду Кулибали, Рубен Невес…

 

Поврзани содржини