ПУКНА ЦЕВКА И ЈА ПОПЛАВИ ТОКСИКОЛОГИЈА Клиниката не била осигурана!

Поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ кога пукнал радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката.

133

На Клиниката за токсикологија во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“ поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа.

Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ кога пукнал радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката.






– Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го соопрат истекот на водата во следните четириесетина минути – соопшти Петровски.

Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите. Дополнителен проблем што излезе на видело по инцидентот е  тоа што Клиниката не била осигурана.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

– Нема штета, се е повторно вратено во функција – велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка Бесија Иљази која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот.

Министерот за здравство, Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на правото.

Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена на директорската функција иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори.

Поврзани содржини