„ПУКАВМЕ ВО БРОД ШТО НОСЕШЕ ДРОГА ОД ВЕНЕЦУЕЛА“ Трамп објави успешна акција против трговијата со дрога
Во последните неколку минути, буквално пукавме во брод, брод што носел дрога, многу дрога на тој брод. Ова дојде од Венецуела, и тоа на многу голем начин, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање од Овалната соба.
Американската војска погоди брод што носеше дрога од Венецуела, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање од Овалната соба. Тој го истакна успехот на администрацијата по распоредувањето воени бродови на Карибите, како дел од напорите за спречување на трговијата со дрога.
– Во последните неколку минути, буквално пукавме во брод, брод што носел дрога, многу дрога на тој брод. Ова дојде од Венецуела, и тоа на многу голем начин. Голем дел од неа доаѓа од Венецуела. Значи, ја отстранивме и ќе го видите тоа откако ќе заврши овој состанок – рече Трамп.
Државниот секретар Марко Рубио напиша на Икс дека бродот го управувала „наркотерористичка организација“.