📷 ПУКАШЕ БЕЗ НИКАКВА ОПРЕМА И СО РАКАТА В ЏЕБ Турчинот Дикец освои сребро и стана сензација во Париз

Повеќето стрелци користат заштита за уши за време на пукања и наочари кои го покриваат едното око за натпреварувачите да не морат да го држат затворено.

784

Турскиот олимпиец Јусуф Дикец поради стилот на пукање стана хит на социјалните мрежи.

Тој настапи во микс парови во дисциплината воздушен пиштол на десет метри и освои сребрен медал.






Овој 51-годишен стрелец и неговата партнерка Севала Илајда Тархан се поразени во финалето, но имиџот на Дикец е интересен.

Тој настапи неверојано опуштен за финален меч без типична опрема за овој спорт, значи без специјализирани очила и без заштита за уши и со едната рака во џебот.

Повеќето стрелци користат заштита за уши за време на пукања и наочари кои го покриваат едното око за натпреварувачите да не морат да го држат затворено.

Но не и кај Дикец кој беше навистина кул.

„Ова сигурно е обучен убиец“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку ова се петти ОИ за Дикец.

Поврзани содржини