ПУКАНО ВО ВРАБОТЕНА ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП Напаѓачот ја демнел подолго време

Повредената веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, е во стабилна состојба.

851

Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот.

Таа веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, е во стабилна состојба.






Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13.55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот.

Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демнел.

 

Поврзани содржини