ПУКАНО ВО ТАТКОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМИОЛ КОСТАДИНОВСКИ Повредениот Љупчо е пренесен во болница на лекување

Од МВР нѐ информираа дека нивните екипи во моментов се на терен, а во повредениот Љ.К (57) пукало едно лице пред неговиот дом.

4,018

Околку 8.30 часот утрово во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, Љупчо, кој е исчезнат веќе четврти месец, потврдија од МВР.

Како што велат за Плусинфо извори од МВР, Костадиновски е повреден и веднаш е пренесен во болница.






Според информациите кои ги добивме во него пукало непознато лице, кое со мотор се движел во близина на семејната куќа во Лисиче. Таткото на исчезнатиот Самиол непосредно пред пукањето бил пред пицеријата во близина на куќата, кај што живеел.

Од МВР нѐ информираа дека нивните екипи во моментов се на терен, а во повредениот Љ.К (57) пукало едно лице пред неговиот дом.

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Само за потсетување, 26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.

Поврзани содржини