ПУКАНО ВО ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЗЕЛЕНСКИ Ладен туш во очи генералното собрание на ОН
Украинските власти ја предупредија јавноста да не шпекулира за тоа кој стои зад нападот утринава, без разлика што сликите на автомобилот изрешетан со куршуми се емитуваат низ целата земја. Во возилото имало најмалку 10 дупки од куршуми.
Првиот човек на украинскиот претседател Володимир Зеленски, советникот Серхиј Шефир, преживеа обид за атентат, а неговиот личен возач ги примил трите куршуми и моментално е на операција, јавува Њујорк Тајмс. Нападот кој се случил во селото Лисники пред Киев, во време кога Зеленски присуствува на собранието на Обединетите Нации во Њујорк, можно е да е осмислен од олигарсите во Украина или од руските тајни служби.
– Ова е сериозно – рече заменик-министерот за внатрешни работи, Антон Герашченко, во краткото интервју. – Ова беше вистински обид за атентат.
Црното „Ауди“ на советникот на Зеленски било изрешетано негде околу 10 часот наутро од лице или луѓе кои биле скриени во шумата покрај автопатот, според истражителите. „Ауди“-то на г-дин Шефир не било блиндирано ниту опремено според безбедносните протоколи. Пронајдени се десетина дупки на возилото. Според властите, немало осомничени и никој не бил уапсен веднаш по нападот.
Серхиј Шефир(57), најблискиот човек на Зеленски, е малку познат на јавноста. Тој беше продуцент на шоуто „Слуга на народот“ – комичното шоу во кое, тогашниот комичар Зеленски ја доби славата и поддршката да потоа се кандидира и стане претседател на Украина во 2019 година. Зеленски соработниците од шоуто ги постави на високи функции.
Зеленски е во Њујорк и бара помош за беснеењето на Путин
Во времето на нападот претседателот Зеленски беше во Њујорк на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што рече дека планира да се изјасни против воената интервенција на Русија во источна Украина и да добие дипломатска поддршка за Киев.
Украинските власти ја предупредија јавноста да не шпекулира за тоа кој стои зад нападот утринава, без разлика што сликите на автомобилот изрешетан со куршуми се емитуваат низ целата земја. Во возилото имало најмалку 10 дупки од куршуми.
Возачот, чие име не беше соопштено веднаш, беше застрелан три пати и е хоспитализиран во критична состојба. Според властите, тој во моментов е на операција.

Можеби се руските тајни служби…
Од почетокот на војната во 2014 година помеѓу Украина и сепаратистичките сили поддржани од Кремлин, се извршени бројни атентати на украинска територија насочени кон високи воени и разузнавачки претставници и политичари, како и новинари и неистомисленици кои бегаат од непријателите во Русија.
Додека некои од нападите се припишуваат на криминално ривалство и насилство во банди, многу од нив, според украинските власти, се дело на убијци поврзани со руските разузнавачки служби. Михајло Подолјак, советник на шефот на кабинетот на г-дин Зеленски, го поврза нападот во средата со напорите на претседателот да го ограничи влијанието на олигарсите врз политиката во Украина.
А можеби се олигарсите од Украина…
Подолјак го нарече нападот „воинствен удар“ против политиката на Зеленски за „намалување на традиционалното влијание на олигарсите во сенка врз општествените процеси“, објавува Интерфакс, новинска агенција.
– Навистина, ние го поврзуваме овој напад со агресивниот, па дури и воинствениот отпор кон активната политика на шефот на државата – рече тој.
– Оваа политика има за цел опипливо да го намали традиционалното влијание на олигарсите во сенка врз општествените процеси и да ги уништи политичките и финансиските групи што отворено им служат на нашите странски противници – рече г-дин Подолјак за „Интерфакс“ во средата.