ПУКАЛЕ НА СВАДБА СО ГАСНИ ПИШТОЛИ Приведени двајца од селото Рашче

173

Две лица се лишени од слобода во скопско Рашче, откако пукале на семејна веселба.

Како што соопшти полицијата, на 06.08.2025 полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К. и Б.К. од селото Рашче.






Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба.

Тие биле приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Поврзани содржини