УАПСЕН ТАТКОТО НА УРОШ Б. ОД МЛАДЕНОВАЦ Во неговиот дом се пронајдени муниција, пиштол и експлозивни материи

Урош Б. тврдел дека сака да покаже дека со него нема шеги и мајтапења.

1,118

Полицијата го уапсила Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица во Мали Орашје и Дубона, дознава Блиц.

На Радиша Блажиќ, поранешен припадник на Војската на Србија, му е одреден притвор до 48 часа.






Блиц наведува и дека при претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми од различен калибар, наполнети за муниција, еден пиштол и еден револвер. Пронајдена е и рачно изработена направа со можност за активирање, неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје.Р.Б се товари за недозволено поседување оружје и пуштање во промет експлозивни материи.

Неговиот син Урош Б. уби 8 и тешко рани 14 лица, починувајќи го вториот од масакрите кои на 3 и 4 мај ја завија Србија во црно. На Урош му е одреден притвор од 30 дена. Тој беше уаспен по голема потрага кај селото Вињиште.

Напаѓачот Урош Б. во Вишото јавно обвинителство во Смедерево изјавил дека испукал два шаржери (околу 60 куршуми) кон жртвите во Мали Орашје и дека продолжил да пука во луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и во групата која седела во училиштето бидејќи тие не сакале да му се извинат.

Урош Б. тврдел дека сака да покаже дека со него нема шеги и мајтапења. Тој негирал дека бил инспириран од претходнит масакр на Коста К. во Врачар во Белград, туку дека „се работи за омаловажување“.

Поврзани содржини